Стабилна и безбедна мрежа е ‘рбетот на секој современ бизнис. Ние дизајнираме, поставуваме и одржуваме мрежни решенија прилагодени на потребите на македонските фирми — од мали канцеларии до компании со повеќе локации.
Што нудиме:
Мрежна инфраструктура
- Дизајн и поставување на LAN и WLAN мрежи
- Рутери, switch-еви и firewall решенија
- Поставување на нови мрежни приклучоци
Безбеден пристап на далечина
- VPN конфигурација за вработени што работат од дома или на терен
- Безбеден пристап до интерни ресурси
VoIP и телефонија
- IP PBX системи (Cisco, Asterisk)
- Конференциска опрема
- Voice Mail и автоматски известувања
- Инсталација на модем/fax линии
Мрежна поддршка
- Дијагностика и решавање на проблеми
- Анализа на перформанси
- DNS конфигурација (Windows/Linux)
Зошто да нè изберете:
- Работиме со македонски интернет-провајдери и знаеме како функционира локалната инфраструктура.
- Поддршката е на македонски јазик, со брз одзив.
- Нудиме и превентивно одржување, не само реакција при проблем.
