Нудиме комплетни ИТ услуги за македонски компании — од поставување на нова канцеларија до целосно управување со информациски системи. Без разлика дали си мала фирма со 5 вработени или компанија со повеќе локации, имаме решение прилагодено на твојот буџет и потреби
🖥️ Управување со ИТ инфраструктура
Сервери, оперативни системи, апдејт и редовно одржување. Твоите системи работат без прекин — ние се грижиме за тоа.
Дизајн и поставување на LAN, Wi-Fi, VPN VoIP и оптички решенија. Стабилна мрежа е основа за секој бизнис.
Заштита од вируси, ransomware и сајбер-закани. Пенетрационо тестирање, безбедносни аудити и континуиран мониторинг.
Автоматски бекап, off-site складирање и брзо опоравување. Твоите податоци се безбедни — секогаш.
🎧 Корисничка поддршка (Helpdesk)
Поддршка за вработените — од креирање на корисници до решавање на секојдневни проблеми. Брзо и ефикасно.
Набавка, инсталација и одржување на печатачи, како и конференциска и телефонска опрема.
ИТ стратегија, анализа на постоечка инфраструктура и раководење со проекти. Помош при планирање и буџетирање.
